Ако треба да му се верува на истражувањето што врз непознат број испитаници го спроведе страницата Esentual.com, совршеното женско лице двата пола го замислуваат сосема различно и тоа е далеку од совршено.
Со комбинација на најдобрите делови на различни актерки и модели, испитаниците создале совршено женско лице, а како што тоа обично се случува во вакви ситуации, конечниот резултат на оваа спојување не можеме да го наречеме совршено.
Во случајот на жените совшениот модел изгледа како мутант меѓу Кејти Пери и Мила Кунис, додека во машкиот случај имаме жена која помалку наликува на српската старлета Сораја.
Како и да е, мажите ја избраа косата на Шакира, носот на Миранда Кер, очите на Мила Кунис, брадата на Меган Фокс, челото на Џенифер Анистон, веѓите на Кејт Мидлетон, јагодичните коски и усни на Анџелина Џоли.
Женете, пак, се одлучија за косата на Фреда Пинто, јагодичните коски на Кира Најтли, носот на Блејк Ливели, усните на Скарлет Јохансон, челото на Натали Портман, веѓите на Кер Делевињ, очите на Мила Кунис и брадата на Меган Фокс.
Сите кои ги погледнале овие монтажи се согласуваат дека жените чии делови од лица се преземени и натаму се далеку поубави од овие „совршени“ модели.
Во секој случај, конечниот резултат е далеку подобар од „совршениот монструм“ кој го создаде Holluscoop.


