Како ќе заврши прегрупирањето во Собрание? Ќоку за ТВ21: Продолжуваме да имаме добри односи со пратениците на АА

Собранието се уште го очекува официјалното известување од ВРЕДИ дека нивната пратеничка група во иднина ќе дејствува без пратениците на Алијанса за Албанците на Таравари, а нов координатор ќе биде Беким Ќоку. Пратеничката група сега ќе брои деветмина пратеници, изјави за ТВ21 Ќоку, но додаде дека очекува тие и натаму да соработуваат.

-Овој политички субјект сега има 9 пратеници но нормално дека се добредојдени и другите пратеници. Ние продолжуваме да имаме добри односи со пратениците на АА, бидејќи бевме заедно дел од една група, сме воделе заедничка битка во парламент, но и претходно. Пратениците се на мислење да останат антикорупција, анти криминалот и анти црната листа и тие пратеници се добродојдени да ја продолжат битката против ова криминогена структура, изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ.

Како што и претходно најави Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Таравари, своја пратеничка група ќе формираат и тие, но чекаат првиот чекор да го направат претходните партнери од коалицијата. Се обидовме да го добиеме Снопче за да одговори на прашањата околу нивната пратеничка група и дали тие се компактни со оглед на изјавата на Ќоку, но тој не одговараше на нашите повици. По вчерашната средба на Таравари со Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште е можна опцијата Таравари да ја напушти власта, но не и неговите пратеници.

-Излегувањето на тие пратеници, колку и да бидат, не сум сигурен дека ќе бидат сите 5 нема да го загрози функционирањето на коалицијата. Не сум сигурен дека сите 5 ќе излезат бидејќи, повторно кажав има личности кои што имаат реноме и кои што сакаат да се согласат со принципите и вредностите на коалицијата, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

За сега нема најави за можни преминувања на пратеници од коалицијата Европски фронт во насока за зајакнување на владејачкото мнозинство. Пратеникот од Турската партија Сали Мурат кој е дел од оваа коалиција вели дека не размислува на такво нешто, рече дека власта е нелегитимна и затоа повика на предвремени избори.

извор: mk.tv21.tv

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести