Какви поени, каква политика …. Токму почитта кон жртвите налага да се бара одговорност. Како инаку утре ќе биде подобро? Како утре да спречиме слична катастрофа? Да се молиме да не врне?
Површност и плиткост, наспроти суштина и темелност, фасади и лажни згради наспроти инфраструктура и вистински вредности, нестручност и градежен популизам наспроти одговорност и компетентност …
Скопје 2014 очигледно не е само пародија. Скопје 2014 е трагедија. Трагедија кога лажната реалност ќе се судри со вистинската.
Сочувство до семејствата и блиските на жртвите.
А за “јавниот” сервис што катастрофата од поплавите ја дочекува со музика и оро? Сервис на бруталната новинарска неписменост и морална беда.
Фејсбук статус на Никола Димитров


