Камчев во сведочењето дека овие „плацови“ се купени преку Груевски и Мијалков, а за возврат се ветени трите стана, но Груевски требало да обезбеди и фирма која ќе биде соизведувач во зградата што требало да се гради на земјиштето.
Камчев рече дека за екс премиерот Груевски се чуваат три ексклузивни стана, од 750 квадрати, кои имаат „нереален сопственик“.
По ваквиот исказ кој бизнисменот го даде одговарајќи на прашања на неговите адвокати, обвинителката Лиле Стефанова праша и дали во моментов тој е спремен да му посочи на судот точна локација на становите во замена за земјиштето, Камчев одговори:
„Да, во зградата Панорама резиденс, три апартмани во квадратура од 750 метри квадрати кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање“.
„Овие станови ги чува Мето Стојчевски и се за Никола Груевски“, праша уште еднаш обвинителката.
„Знам дека ги чува Мето Стојчевски и дека ги чува за Никола Груевски. Тоа е она што го знам“, рече Камчев.
Повеќе на линкот. 360 степени
]]>


