Камелија Шојлевска: Гордо или г(О)рдо гласање за иднината

 

Гласање тој свечен чин и право и чест на секоја граѓанин на современите системи. Така и кај нас но јас имам една порака до гласачите во Македонија да изберат дали гласањето кај нас ке биде гордо или г(О)рдо.

Во зависност од тој избор зависи и иднината на нашата земја , во каков правец ќе се движи и каков пат ќе трасираат на идните генерации. Не кој ќе дојде на власт, во таа полемика  воопшто не сакам да навлегувам, не кој ќе победи на овие или оние избори и со колку гласа. Тоа во моментов нас не ни е важно ( иако за повеќемината е многу важно)

Сакам да ги објаснам разликите меѓу гордите гласачи и г(О)рдите гласачи. Каде и да се најдете, простете ми , но сметам дека е време да се соочиме искрено со самите себе си, за да можеме да промениме нешто кај нас што не ни се допаѓа.

Гордиот гласач ја почитува својата опција и ако е левичар секогаш ќе биде левичар ако е десничар секогаш ќе биде десничар и не постои сила да се расколеба во својата визија за иднината на светот.

Г(О)рдиот гласач го менува својот став брзо и лесно во однос на тоа која опција повеќе нешто лично ќе му вети нему или на селото или на општината во која живее. Ако му вети нешто уносто нивни е, а ако не го исполни се жали на сите страни, најчесто прку социјалните мрежи затоа што за нешто повеќе нема доволно сила и моќ. Тој на своите деца и идни генерации им ја остава пораката дај шта даш, и твој сум.

Гордиот гласач ја знае вредноста на својот глас и избор и длабоко верува во исправноста на својата одлука и ако другарод до него мисли спротивно, тој е горд на размислата различна од неговата затоа што верува во добрата иднина на својата земја.

Г(О)рдиот гласач не е сигурен ниту во иднината, ниту во сегашноста. Неговите бродови се пред потонување и потребно му е некој да го спаси. Тој не верува во иднината на својата земја, ниту верува во сопствената моќ и силата на својот избор. Него му е потребен некој што ќе му вети, некој што ќе се грижи и ќе го теши во неговата несигурност дека токму тој е избраниот спасител кој ќе направи да има струја, или вода,  или вработување за неговиот син кој ништо уносно не завршил ама ете ќе може да се вработи некаде после волонтерски процес од 6-7 месеци па и повеќе, за една минимална убава платичка. Па нели е тоа помош на семејството. Дај шта даш филозофијата расте како квасец и понатаму.

Гордиот гласач сака да биде пример за другиот, отворен е и транспарентен и нема што да крие, напротив сака јавно и јасно да каже што мисли и што бара од тие што ќе ги гласа. Тој знае дека изгласаните се тука за нив да помогнат во развојот и напредокот на земјата.

Г(О)рдиот гласач се крие, не постои, тој постои ама некако чудно непостоечки. За својот глас тој морал да направи некоја купи продај трансакција од која самиот пред себе се срами, па како отворено да зборува за тоа пред комшиите. Никако, може само да си ја отвори маката пред некој сличен насебе кој сиромав исто така морал да помине низ клучалката на глушецот. Заедно се тешат и храбрат дека направиле добро дело…впрочем  им ветиле вработување за синот или ќерката и тие знаат дека тоа работно место не го зслужува….ама ако нека е….па уште ако треба ќе донесат и некој друг…да им помогне, за детето се работи а тој г(О)рдо ќе посака да помогне на блискиот, оти можеби, или сигурно и нему ќе му треба помош.

Има уште многу но сликата е јасна. Полека полека г(О)рдите гласачи се групираат, можат да опстојат само како група,си помагаат еден на друг со некој ситен купипродај аранжман и се надеваат дека ова вечно ќе трае оти ако се распрсне меурот од сапуница ќе се најдат на почеток и на некој друг ќе мораат да му го даруваат својот интегритет и етика, најголемото богатство што човекот може да го има.

Гордите можат и  сами  и во група, само ако групата се врзува со повисоки цели за општо добро. Нив можеби им треба вработување ама тие веруваат во своите капацитети и кога тогаш тие ќе излезат на виделина. Во таа борба нивниот интегритет јакне а етиката се проширува и нема шанси за пар убави чевли или непшто поскапо да направат купи продај аранжман. Можеби и пробале па виделе не оди, можеби и се лути отиништо не им оди како треба, можеби се осамени и се чувствуваат проколнати, но знаат дека од нив завси иднината на една земја.

Изборот е ваш дали ке сте горди или г(о)рди. Сега барем нема да можете да кажете дека не сте знаеле оти напишано е…па не важи онаа кој не знае пола му се простува.

 

Камелија Шојлевска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести