Каратистите на Макпетрол со шест медали се враќаат од Хрватска

Преку сто македонски каратисти од голем број на клубови земаа учество на престижниот карате турнир „Кроација Гранд При 2014“ одржан викендов во хрватскиот град Самобор. Најуспешен клуб беше Макпетрол со вкупно освоени шест медали од кои 1 златен 1 сребрен и 4 бронзени.

Во највозрасната и најтешка категорија постари јуниори или У 21 освоени се три медали од кои две бронзени и една сребрена медала медали освоија: Симона Заборска, категорија -60 кг,  освои бронзен медал со пет победи во возрасна категорија на постари јуниори од 18 -21 годишна возраст. Емануел Ристевски, настапи во тежинската категорија (+ 78 кг), освои бронзен медал во (У 21). Симон Античќ во категорија +78 (У21), беше финалист и го освои сребрениот медал. Тој во финалето загуби со минимален резултат 0-1 од Литванецот, Давис Спрингис.

Кај јуниорите возраст од 16-18 години: Никола Димитриевиќ со пет последователни победи успеа да го освои златниот медал, во финалето успеа да го совлада италијанскиот репрезентативец со резултат 4-3. Кај кадетките кои се на возраст од 14-16 години редоследно со по 6 победи и еден пораз, Моника Пендаровска (-54) кг и Ангела Мојсовска (+54) кг успеаја да освојат бронзени медали.

Учество на овој турнир земаа 18 држави со рекордни 1.500 спортисти што преставува и своевиден рекорд во бројност на спортисти учесници. На турнирот учествуваа Данска, Израел, Италија, Словачка, Чешка, Литванија сите држави од екс Југославија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, и Унгарија.

]]>

Најчитани вести