Касиљас 520 минути нема примено гол

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас и покрај тоа што не е стандарден на голот на кралскиот клуб, сепак кога добива шанса да настапи одлично си ја завршува задачата. Така беше и на синоќешниот натпревар од шпанскиот куп против Еспањол на кој Касиљас остана несовладан со што постави рекорд во кариерата од 520 минути без примен гол.

Шпанскиот репрезентативен голман во победата на својот клуб од 1:0 учествуваше со неколку добри одбрани и со тоа многу придонесе Реал да биде на чекор до полуфиналето во Кралскиот куп.

Последен пат кога Касиљас бил совладан е на 27 ноември минатата година на натпреварот од Лигата на шампионите против Галатасарај.

На следните пет средби на кои чуварот на мрежата добил шанса да брани во дресот на Реал не примил гол, а на вкупно 10 натпревари сезонава совладан бил четири пати.

]]>

Најчитани вести