Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територија на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач.
Од нив, како што соопшти МВР, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
MИА


