Оскаровката Кејт Винслет роди момче, пишуваат денеска британските медиуми, соопштувајкќи дека таа и нејзиниот сопруг Нед Рокенрол станале родители во саботата. Двојката се венчаше во декември 2012 година, а во јуни соопштија дека го очекуваат нивното прво дете.
Винслет, која претходно беше во брак со монтажерот Џим Триплетони и режисерот Сем Мендес, има две деца – Миа (12) и Џо (9).
Неодамна таа ги отфрли пуританските критики дека со тројца мажи има три деца.
– Моите деца секогаш се со мене. Тие не се шетаат од еден до друг. Не се со дадилки и не се преселуваме. Тоа никогаш не се случило. Нема ништо од она половина-половина време. Моите деца живеат со мене и тоа е тоа, рече таа.


