Кина ја победи Америка: Американците мислат дека не се веќе број еден?!

САД се најсилната светска економија уште од 1871 година, но последните истражувања покажуваат дека повеќе од половината од граѓаните на САД веруваат дека се изброени деновите кога нивната земја ќе падне од „престолот на светската економија.“

Анкетата што ја спроведе финансиски портал „The Street“, покажува дека 43 отсто од Американците очекуваат САД ќе остане водечка светска економска сила уште 5-7 години, а речиси една третина од испитаниците мислат дека Кина веќе го има преземено првото место.

Сепак, нивните мислења не се поклопуваат со резултатите од официјалните статистички податоци кои покажуваат дека САД имаат речиси двојно поголем бруто-домашен производ (БДП) од  Кина.

Како и да е, анкетите покажуваат дека поради бавниот економски раст САД може да доживее брзи промени во економската ситуација во земјата, оценува „Time“.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести