Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант и покрај тоа што доби најмногу гласови од навивачите и треба да биде стартер за тимот на Запад најверојатно ќе го пропушти Ол Стар натпреварот во Њу Орлеанс, стои во денешната информација објавена на официјалниот сајт на НБА лигата.
Брајант се наоѓа на листата повредени и најверојатно ќе мора да паузира уште 2-4 недели.
– Играчот на ЛА Лејкерс има оток на коленото и повремено чувствува болки. Оваа сезона Брајант има одиграно само шест натпревари откако по повеќемесечната пауза од операцијата на Ахиловата тетива се врати на теренот, но новата повреда повторно е причина за негово отсуство, информираат од НБА.
Заменикот на комесарот на лигата Адам Силвер, ќе ја именува замената на Коби Брајант за Ол страс натпреварот, но стартерот ќе го одреди тренерот на екипата на „Запад“.
Отсуството на Брајант многу тешко се одразува во играта на неговиот клуб ЛА Лејекрс, кои имаат само 16 победи и дури 30 порази во една од најлошите сезони во историјата на клубот.
]]>


