Koго тепате, црни чавки и скотови: нашите деца ли? Децата на оние што ви ги плаќаат скапите опреми и вашите, инаку пребројни и прекубројни плати, од кои вие пак треба да ги раните вашите деца !…
До таму ли стигнавме, да се делиме на ваши и наши деца? Ваша и наша иднина?До таму ли ве дотераа? Луѓе ли сте или партиски робо-капи?… Едно сепак запаметете: иднината на оваа земја не е на оние што тепаат и влечат н а ш и деца.
Така само им се чини на вашите заслепени наредбодатели, вистинските субјекти за полициски акции, кои не престануваа да ве срамат и вас како полицајци, и залудно, со сила си ги бранат привилегиите до кои доаѓаат на се’ покриминален начин .
Томислав Османли
фејсбук статус


