Површините за одгледување на органски производи во Европската Унија продолжува да се зголемува. Според последните податоци на Евростат, во 2022 година на 16,9 милиони хектари земјоделско земјиште или 10,5 отсто се користело органско производство.
Многу важнo e што се зголемува и сточарството како гранка, бидејќи и овде има раст на бројот на добитокот што се одгледува на органски – еколошки начин. Така, во ЕУ во 2022 година на овој начин се одгледувани 5,4 милиони говеда (7,2% од вкупниот број), 1,0 милиони крави (4,9%) и 6,1 милиони овци (10,4%).
Раст во речиси сите земји на ЕУ
Помеѓу 2012 и 2022 година, вкупната површина за органско производство се зголемила во речиси секоја земја-членка на ЕУ.
Во овој период во Хрватска има зголемување за четири пати, што е највисока стапка на пораст во ЕУ. Голем раст е забележан и во Португалија (+278%), Бугарија (+182%), Франција (+179%), Унгарија (+145%), Романија (+123%) и Италија (+101%).
Кога станува збор за површината на земјиште што се користи за органско производство, Франција има најмногу, 2,9 милиони хектари (17,0% од вкупната површина на ЕУ). Франција, заедно со Шпанија (2,7 милиони хектари), Италија (2,3 милиони хектари) и Германија (1,6 милиони хектари) го сочинуваат мнозинството (56%) од вкупните површини на ЕУ во 2022 година.

Една од главните цели на стратегијата на Европската комисија од фарма до маса е дека до 2030 година најмалку 25% од земјоделското земјиште во ЕУ ќе биде под органско производство.
Кои се надобрите 10 земји?
Десетте земји на Европската унија со највисока застапеност на органско производство според учеството на земјоделското земјиште под органско земјоделство се:
Првите десет еко земји од ЕУ:
Австрија – 27%
Естонија – 23%
Шведска – 20%
Португалија – 19%
Италија – 18%
Грција – 17%
Чешка – 16%
Латвија -16%
Финска – 15%
Словачка – 14%
Данска (околу 12%), Словенија и Шпанија (по околу 11%) и Франција (околу 10%) исто така имаат повеќе од 10 проценти.

Спротивно на нив, со помалку од 5 % удел на органско земјоделство во 2022 година се пет земји на ЕУ, а најмалку се практикува во Ирска (2%), Бугарија (2%) и Малта (под 1%).
agroclub.com


