Кој ќе бил на пратеничките листи? Чекајте другари, работа не чека и нерамноправна борба, рано е за тоа

Сите за еден, еден за сите!

Сите ја знаеме приказната која еден татко им ја раскажувал на своите синови, онаа за Седумте прачки, со наравоучение на крај дека една прачка се витка лесно, ама снопот никој не може да го скрши. Другари, само сплотени, единствени и фокусирани кон иста цел, можаме да го победиме режимот на овие избори. И никако поинаку.

Денес, таман помислив спокоен и безгрижен ќе ми биде денот, гледам пак се таласаат (брануваат) социјалните мрежи, со поединечни сомнежи, револт, различни мислења, прашина кревање за ништо. На нероден Петко капа му кројат, кој се ќе бил на пратеничките листи. Чекајте другари, работа не чека и борба неравна со политичкиот противник, рано е за тоа. Секоја ваква небулоза, поен повеќе на страна на режимот, внимавајте. Треба силна доверба во луѓето кои ја предводат оваа битка со груевизмот, оние кои даваат се од себе за доброто на сите. А допрва Конгрес на СДСМ се спрема на кој еден заеднички Фронт ќе се формира. Добро би било да бидеме фокусирани сите на важните нешта и на истата цел, да не трошиме енергија залудно.

Ова е време-невреме, да се биде или не, и сите ние треба да го дадеме најдоброто од нас до декември, знаење, искуство, информираност, мудрост во водење кампања, медиумски битки, моќ на убедување, програмска промоција, многу гласност, храброст и борба, за да стигниме до ПОБЕДАТА. Од свое партиско, животно и лично искуство, сакам и своето мислење и став да го споделам со Вас, за доброто на сите мораме да ја гледаме ШИРОКАТА слика. Има време потоа за сите да си го најдат своето место под сонцето во ова општество, кога Македонија ќе биде слободна, демократска и економски моќна држава.

Најважна е политичката платформа на гарнитурата која ќе ја води државата после изборите и ќе спроведува политика. Верувам дека е битно и кој ќе биде поединецот, но поважно е каква политика и верување застапува пратеникот, кој кого претставува во политичката битка која ќе се води во декември. Пратеничката листа е таа која треба да го претставува народот, да биде неговиот глас и неговата сила. Но, што побогата со различности, ќе биде една алатка плус за да се стигне до што поголем број гласачи, неопределени, пасивни, оние кои политиката на второ место ја ставаат, а ја живеат секој ден, оние кои ќе ги бираат своите претставници во највисокиот законодавен дом. Зарем и на членовите партиски тоа треба да им е нејасно.

Имињата кои ќе не претставуваат треба да бидат луѓе кои се почитувани, имаат знаење, но и заслужиле со својата храброст, елоквентност и борба да бидат наши народни претставници, да бидат и од сите националности, од различни професии, разнолики способности, но и од сите партии опозициони, од сите движења и поединци кои протестираат со години. Најважно е таа листа која ќе ја предводи СДСМ да биде полна со претставници од сите сили кои во овај децениски период јасно и гласно го креват својот глас против недемократското владееење на дпмне. еден голем заеднички Фронт во кој ќе сме заедно сите.

Паралелно, се окрупнува и десничатрскиот блок од партии кои се спротивставуваат на недемократското и коруптивно вледаање на дпмне, и имаат голема шанса да привлечат огромен број десно ориентирани гласачи и нормално да се ситне силата на режимот. Мојата поддршка и за нив, нека бидат совеста на нивната идеологија, која голем зулум им направи на сите во оваа деценија.

Мојата огромна поддршка за матичнaта СДСМ, но и за сите борци и револуционери за слобода и демократија. Јас својот глас без сомнеж ќе го дадам за СДСМ, никако за дпмНЕ.

Време е за промени, нови идеи, нова енергија. Македонија е се што имаме.

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести