Која независност…?

Нервозно ја притисна автоматската врата на излез од банката и гласно му се намоча на сопствениот живот. Застанав. Како едвај да чекаше да излезе надвор, да погледне во земја, да ја тресне плетената капа пред себе, да ја плукне, па да ја згазне со десната нога и да викне – Да ти се мочам во животот. Немој бе комшо, му реков, не си го пцуј животот, твој е. Ма ку*ац мој, ми вика.

 

Да беше мој, ќе беше у мои руки, и у моја надлежност, и ќе беше другачие, а не вака. Нашите животи, брат, ги диктираат други, не мислам на овие од банкава, туку на оние од Илинденска бб, све живо да им се сотре до седмо колено да даде Горнион.

Се прекрсти три пути… Му пријдов, и му шепнав, сакав да ти го честитам утрешниот празник на независноста. Очите му беа насолзени, пред плачање, ама издржа, не дозволи да му потечат и со гнев продолжи да ми збори, да ми ја кажува истата мака, што можда ја имам и јас, а можда и ти, ама у различити издања. Ми вика, Управата за приходи ми ја блокирала сметката на која примам социјална помош. Три илјадарки државна помош, а 4450 денари државна блокада за неплатени радио дифузни такси.

А бе таксени марки да им залепат у УПГ и да ги снема више, е такви такси да им прати горнион. Види што ми пишуе у изводов, минус 1450 денари, а дојдов сав среќен да си ја подигнам помошта од државата, да им купам чоколатциња на внучињата и да скрпам со бабичката некој ден… И да те прашам, еве нек ме чујат сите, ич око не ми трепнуе, што мислиш, кога деновите се кратки, па околу 5 поручек се стемнуе, дали и на нив им паѓа мрак на очи, као на мене секое сабајле?

Дали и на нив им се стемнуе кога се разденуе, бе брат, заради празната борба дека денот што се родил треба да се преживее, а стање на конто тапа? А они, без усул арчат најмалку сто трпези ко мојата, со само едно, брат, со само едно ебено ноќевање по белосветскине хотели со пет ѕвезди, и замисли, на мој трошок? Еве, со овие пари што ми ги земале, тие ќе се курчат по белиот свет за да дигаат чалум, док ја и ваквите ко мене ќе умираат у сиромаштија, глад, стресови и нервози. Шес банки начукав и ќе ме стрефи срчка, ил мозоков ќе ми пукне од вакви стресови. И со што мислат да ме стоплат, да ми ја згреат душава, да ме раатисаат? Со споменици? Со тоа што ќе се појават по телевизиине светнати у образите и ќе ме убедуваат дека ми е топло и убаво на душава, само што не осеќам, дека годинава била тешка, ама поминала супер, дека догодина ќе протече мед и млеко по улициве? Овие ли ги чекавме, бе, Боки, ко нови месии да ни кажуат у што, кога и како да веруеме?

Е па гадно се заебале. Они се, бе, брат, предавниците на вмровшитната и арамии на државата. Ништо друго, обични незаситни апаши. Ни го празнат и онака празниот џеб, ја цицаат државата ко млада доилка, а чопор бебиња од триесе и кусур незаситен, лаком, цица ли цица. Затоа ли ги пуштивме? За да помислат дека тоа им е од Бога е дадено? Дека само тестостеронските лепливи течности мора редовно да се празнат на ист начин ко што ја празнат државната каса, и баш ги заболе уво за трпезите на обичните, на нивните гласачи, на нивните плаќачи, на нивниот народ? Се замишљаат, бе, ко божји синови, а се растураат на сите страни ко најголеми еретици, расипници, грешници, предавници. Знаеш ли колкумина од таа копиљаана у власта некогаш вистински заработиле една ебана банка у живот?

А види ми ги рацеве. Ѓон. И после ми викаш да не му се мочам на мојов живот, ми честиташ празник на независноста. Која независност бе, Боки, и каква? Ваква? А бе раката да ми се исуши ако пак ги заокружам… 8 Септември 2012

 Боки Бургија
фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести