Компанијата Fresh line, која веќе е широко препознатлива по своето квалитетно и внимателно селектирано портфолио што го сочинуваат бессемената лубеница, јапонското јаболко и зелката, отсега се збогатува со уште еден производ што ги освојува домашните и странските пазари.
-Со гордост можеме да кажеме дека младиот кромид стана дел од ова успешно и препознатливо портфолио. Оваа иницијатива произлегува како одговор на зголемениот интерес од нашите доверливи партнери, кои го препознаа потенцијалот и квалитетот на овој свеж и нежен пролетен производ. Од самиот старт, младиот кромид наиде на одличен прием на пазарот во Србија, каде што е веќе присутен во продажните мрежи. Особено радува и фактот што се појавува голем интерес и од скандинавските пазари, особено од Шведска, што укажува на сè поголемото препознавање на македонските свежи производи на меѓународната сцена, велат од компанијата.

Првичната откупна цена за младиот кромид изнесуваше 75 денари за килограм, а моментално е коригирана на 70 денари, согласно движењата на пазарот и конкурентноста во регионот. Со ова, Fresh line не само што го збогатува својот асортиман, туку повторно го демонстрира својот ангажман во поврзување на македонските земјоделци со стабилни и доверливи извозни канали.

-Нашата визија останува јасна – да ги поставиме домашните производи на вистинските пазари, со акцент на квалитет, одржливост и партнерска доверба. Продолжуваме со истиот ентузијазам и посветеност – за да го направиме секој нов производ уште една успешна приказна – изјавија од компанијата.
Извор – Агротим


