Комплетирано 5.коло од Евролигата

Со одигрувањето на четирите натпревари синоќа беше комплетирано 5.коло од Евролигата во кошарка.

Единствената победа на домашен терен ја постигна Галатасарај, додека гостински победи остварија: Барселона, Локомотив Кубан и Анадолу Ефес.

Комплетни резултати од 5.то коло. Е група: Олимпијакос – Уникаха 73:55, Армани Милано – Фенербахче 90:85, Панатинаикос – Барселона 56:63 и лаборал – Анадолу Ефес 66:72.

Табела: Барселона 5-0 (победи-порази), Панатинаикос 3-2, Армани Милано 3-2, Олимпијакос 3-2, Уникаха 2-3, Анадолу Ефес 2-3, Лаборал 1-4, Фенербахче 1-4. Ф група: Баерн Минхен – ЦСКА Москва 61:86, Реал Мадрид – Макаби 74:68, Галатасарај – Жалгирис 90:83 и Партизан – Локомотив Кубан 81:87.

Табела: ЦСКА Москва 4-1, Макаби 4-1, Реал Мадрид 4-1, Локомотив Кубан 3-2, Галатасарај 2-3, Баерн 2-3, Партизан 1-4, Жалгирис 0-5.

]]>

Најчитани вести