Контрапротест и на блокадата на оризопроизводителите, избегнат инцидент

Закажаниот мирен протест на оризопроизводителите во Облешево не се реализираше во целост од причина што на неколку метри од нив се појавија контрапротестанти, јавува порталот Komarec.com

Адреналинот и кај едните и кај другите работеше, но благодарение на организираноста на вработените од Полициска станица – Кочани се помина во најдобар ред.

komarec

Инаку денес точно на пладне како и што беше најавено во Облешево за време на пазарниот ден излезе една поголема група на оризопроизводителите кои протестираа поради ниската цена на откупувањето на белиот ориз и оризовата арпа. Тие ја блокираа едната лента од Магистралниот пат Кочани-Штип па сообраќајот се одвиваше со потешкотии само преку едната лента.

komarec1

Како што истакнаа оризопроиводителите тие бараат од Министерството за земјоделство да преземе мерки за надминување на катастрофалната состојба со откупот на белиот ориз и оризовата арпа. Организаторите на контрапротестот со сосема поинаков став, дека иако цената не е очекуваната сепак оризот се откупува. Тие посочија дека протестот има политичка позадина но не одговорија на новинарско прашање дали и контрапротестот е со иста позадина.

Ваквите изјави на контрапротестантите ја вжештија атмосферата, па дофрлувањата можеа да ескалираат доколку не се вмешаше  полицијата.

komarec2

Извор:komarec.com.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести