Котески: Ајде аирлија. Се спрема нова Панорама!

Ајде аирлија.
Се спрема нова Панорама!

Ова не е информација добиена од сеанса со гатачката на Гуевски туку проста политичка алгебра.

Деновиве имавме два серизони потреси кон ликот и делото на Гуевски и тоа двата излезени од неговиот двор.

Првиот, сликите или муралите од седиштето на ДПМНЕ во кое е отсликан Гуевски и неговата аболицирана банда!

Фотографиите од овие слики или мурали јавноста ги добива од лица кои се дел од најтесното раководство на ДПМНЕ а на кои им е пукнат филмот и бараат промена внатре во рамките на партијата.

Додека се освестуваме од фотографиите, денес нова мега бомба!
Во јавност се пушти аудио на кое може да ги слушниме советите кои гатачката му ги дава на лидерот на ДПМНЕ во (претпоставка) 2012-та година!

Фактот што некој ги имал овие снимки и решава да ги пушти во употреба сега, само ден, два после фотографиите од сликите и муралите покажува дека во дворот на ДПМНЕ се спремаат за чистење, читај нова Панорама!

Рака на срце, одамна е дојдено времето!

Овие две мега бомби го удираат Гуевски таму каде што се претставува најсилен:
– човек од народот
– демохристијанин

Митот за неговата месијанска мисија од библиски размери, пропадна повеќе пати ама ова боли затоа што (и) овај пат „каменот е од блиску“.

Додека неговите гдом-ОВЦИ се тепаат за прв ред во безцелните протести за парче сендвич, додека за 3 месеци умираат 60 бебиња, додека ни умираат родилки како во ниту една друга развиена земја, додека имаме инсулинска криза и се бориме да крпиме месец со 10.000,00 ден плата, некој кој се претставува како човек од народот се вози во мерцедес од 600.000,00 евра, носи наочари од неколку илјади евра а троши милиони евра на мурали???!!!

Што ќе кажи сега г-дин г-дин Стефан и г-дин Петар за сеансата на демо(н)христијанот Гуевски?
Ќе има анатема за него или …. ?
Колку е ова христијански???

Со други зборови, некој (и) од внатре, ја крои капата на Гуевски!

Или истата е веќе скроена и се чека да му се наври!?

Како и да е времето, работи против Гуевски!

Ќе си лежи а парите ќе ги вратиме!

п.с.
Не е жолто комбе!

Фејсбук статус на Благоче Котески

Најнови вести

Најново од Ракурс