Ковачевски: Со „гарантираната цена на производите“ ќе ја стабилизираме инфлацијата

„Јас сум убеден дека со ‘гарантираната цена на производите’ како и останатите мерки кои ги носиме од социјален карактре, ќе успееме да ја стабилизираме инфлацијата до крајот на годината. Тоа веќе се покажа со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека со септемвриските покачувања за 10% на платите, како и линеарното зголемување на пензиите согласно со методологијата која беше утврдена во текот на изминатиот период се очекува двоцифрената инфлација да падне на 8%, а за храната да достигне до 5%.

„Апелирам до трговците и до големопродавачите да ги почитуваат мерките, а граѓаните како и вие медиумите за сите неправилности да алармирате до Државниот пазарен инспекторат за ажурно и ефикасно спроведување на мерката“ рече Ковачевски и додаде дека Владата и престојниот период ќе продолжи дијалог со стопанските комори, работодавачите, синдикатите, бидејќи нивната намера е да се поддржи стопанството и да овозможи квалитетен живот на граѓаните.

Премиеорт Ковачевски на прес-конференцијата соопшти дека на листата со гарантирана цена влегуваат влегуваат  и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото, како и дека се ограничува трговската маржа за свежото овошје и зеленчук.

Најчитани вести