Коза ностра: Бидете хумани, донирајте и вие за подобрување на имотната состоба на Сашо Мијалков

Директорувањето со ДБК за Сашо Мијалков, братучед на премиерот, на бизнис план е чисто тапкање во место, покажува неговиот анкетен лист. Додека се бавел со градежен бизнис ги заработил сите свои милиони, а откако е на функција имотната состојба му е во тешка стагнација. Мојот имотен лист од 2008 до денес е непроменет, се пожали Мијалков. По ова, повеќе хумани граѓани почнаа да собираат доброволни прилози за подобрување на имотната состојба на шефот на ДБК.

И наместо да ја почитуваат оваа жртва на Мијалков за Македонија, опозицијата го напаѓа дека нелегално со обогатил.

– Човекот го жртвуваше бизнисот за да ја преземе тешката функција во тајната полиција. Како некои луѓе може да бидат со толку тесни видици и да не согледаат за каков патриотски чин станува збор – велат граѓаните поддржувачи на ликот и делото на овој наш поранешен бизнисмен.

извор: Коза ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести