Македонија дефинитивно ќе биде без еден од своите најдобри ракометари Наумче Мојсоски на претстојното Европско првенство кое во јануари следната година ќе се одржи во Данска, објави порталот Екипа, повикувајќи се на информации од РК Металург откако на денешниот натпревар против Металург Мојсоски се повреди и беше изнесен на раце од теренот. Според Екипа, еден од најдобрите наши ракометари има скинат преден вкрстен лигамент и менискус на коленото поради што, за жал, го очекува пауза од шест месеци.


