Скопје: Се обидел да го прегази брат му

СВР Скопје, во консултации со надлежното Основно јавно обвинителство, ќе поднесе кривична пријава против Д.М. (23) за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Пријавениот го извршил кривичното дело на 7-ми овој месец во 3:00 часот, на регионалниот пат Скопје – Велес, во село Јурумлери. Управувајќи патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблички, сопственост на неговиот татко Т.М., Д.М. удрил во Ј.М. (неговиот брат) и В.Б., двајцата од Јурумлери. Од силината на ударот двете прегазени лица здобиле тешки телесни повреди, а повреди имал и Д.М., како последица од претходна тепачка во која учествувале наведените лица, како и Б.Ј. од село Јурумлери и едно непознато лице. Сите се префрлени во Ургентниот центар на лекување.

Од налетот на возилото бил удрен и Б.Ј. кој не е повреди, но странично паднал во каналот покрај патот.

Според истрагата, кратко откако Д.М. заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ настанала тепачка во која учествувале двајцата, В.Б., Б.Ј. и непознато лице. Во тој момент, пријавениот влегол во возилото, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која ја сочинувале наведените лица кои во тој момент се тепале и со голема сила и брзина удрил во три од нив, бидејќи четвртото во последен момент се извлекло од удар. Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и тој, по ударот, останал под возилото. Од силината на ударот и поради тежината на повредите со кои се здобиле, Ј.М. и В.Б. се задржани на болничко лекување.

Во СВР Скопје се извршени службени разговори со пријавениот, повредените и третиот учесник во тепачката. Д.М. потврдува дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице.

Најнови вести

Најново од Топ Вести, Хроника

Најчитани вести