Кривични пријави за охриѓани и кичевци за кражби: Извршиле 17 кривични дела

СВР Охрид поднесе две кривични пријави против А.Ф. (27) и Б.Р. (27) од Охрид и А.Е. (19) и Е.Б.(37) од Кичево. поради сомнение за сторени 17 казнени дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Пријавените А.Ф. и Б.Р., како што соопшти денеска МВР, кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците на објекти на подрачјето на СВР Охрид.

– Од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна машина сопственост на „Охридски комуналец“, кај месноста „Мауцкер“ одзеле два акумулатори, а од неколку викенд куќи во населбите Чекоштина, Габавци и селата Вапила, Рамне, Рача и Лакочереј, одзеле мотокултиватор со фреза и прскалка, бакарни пумпи, месингани прскачи, рачна пумпа за вода, бормашина, шлајферица, музички систем со звучници, алкохолни пијалоци, низалки со суви пиперки, венци кромид и други предмети, се вели во соопштението.

Лицата се стекнале со против-правна имотна корист од 157.500 денари.

Кичевците А.Е. и Е.Б., како што е наведено, кражбите ги извршиле во периодот од декември минатата до февруари оваа година. Користејќи подесен алат и физичка сила, тие ги кршеле бравите од влезните и балконски врати на повеќе куќи во Охрид и одземале пари, златен и сребрен накит, бижутерија, лап-топ комјутери, рачни часовници и други вредни предмети. Со тоа, А.Е. и Е.Б. се стекнале со против-правна имотна корист од околу 221.000 денари.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести