Крушево: Несовесен возач удрил во малолетничка и избегал

Полицијата од Крушево извести дека поднела кривична пријава против М.Б. од с. Саждево, крушевско, за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

На 26.10.2013 година, во 10,45 часот, на локалниот пат с.Саждево-с.Лажани пријавениот управувајќи ПМВ „Сеат Ибица“ поради неприлагодена брзина на движење изгубил контрола над возилото удрил во велосипед управуван од малолетничка.

Девојчето во судирот било телесно повредено, а пријавениот без да ѝ укаже помош го напуштил местото на настанот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести