КТВ: Лозарите најавуваат блокади на патиштата од понеделник

Долгот на визбите кон лозарите ја прелеа чашата. Се наближува нова берба, а сеуште има лозари кои неможат да си го наплатат старото грозје од винариите. Производителите на грозје кои родот го предале во неготинската визба „Повардарие“ најавија дека во понеделник ќе ги блокираат регионалните патни правци со цел надлежните институции во државата да слушнат за проблемот со кој се соочуваат и немаат заштита од никого, јавува КТВ.

 

Лозарите кои се обратија до редакција на КТВ велат дека проблемот е со поголеми димензии и залудно барале помош  од повеќе локални и државни институции, меѓу кои МЗШВ, министерството за финансии, градоначалниците на Неготино и Кавадарци како и до пратениците од овој крај.

 

Иако за вчера бил закажан состанок меѓу лозарите, претставници на „Повардарие“  и надлежните структури сепак на тој состанок се појавиле само луѓето кои чекаат пари за својот род и претставници на визбата која им должи.

 

„Доколку не одговорат позитивно надлежните органи и институции на нашите барања ја загрозуваат идната откупна  реколта и нашата егзистенција. Поради тоа од понеделник започнуваме со масовни блокади на регионалните патишта“ велат лозарите на кои не им е платено ланското грозје од „Повардарие“.

Извор:КТВ

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести