Екипата на Куманово е поразена од тимот на Крајова со 80:76 во натпревар од регионалната Балканска лига (БИБЛ). На средбата одиграна попладнево во Романија, а во рамките од 9.коло на БИБЛ лигата Кумановци го претрпеа третиот пораз во ова натпреварување. Клучна за овој пораз беше првата четвртина во која домаќинот постигна 29 наспроти 16-те поени на Куманово.
Џејмс Тајлер со 24 поени беше најзаслужен за победата на романската екипа, додека најефикасен во нашиот тим, но и на натпреварот беше Вукашин Мандиќ со 29 постигнати поени.
И покрај поразот Куманово останува лидер на табелата во БИБЛ конкуренцијата, сега со 6 победи и само 3 порази.
Вечерва ќе се игра и натпреварот меѓу Пеќ и Балкан, а утре на програмата се средбите Левски – Сигал Приштина и Галил Гилбоа – Теодо.
Слободен во ова коло е вториот македонскиот претставник тимот на Кожув.
Табела: Куманово 6-3 (победи-порази), Крајова 4-5, Галил Гилбоа 5-2, Сигал Приштина 5-2, Кожув 4-4, Левски 4-3, Балкан 3-3,Пеќ 2-5 и Теодо 1-7.
]]>


