Лацио четвртфиналист во „Копа Италија“

Лацио ја победи Парма со 2:1 и стана петтата екипа која обезбеди пласман во четвртфиналето од италијанскиот фудбалски куп.

Синоќа на „Олимпико“ во Рим за домаќините двапати погоди колумбискиот интернационалец Брајан Переа Варгас (25. и 91+1.минута), а голот за Парма беше дело на Џонатан Бијабијани во 43.минута.

Од претходно четвртфиналисти во „Копа Италија“ се Јувентус, Фиорентина, Рома и Удинезе.

Последните три екипи кои ќе обезбедат пласман меѓу осумте најдобри ќе се знаат вечерва по одигрувањето на натпреварите: Катанија – Сиена, Милан – Специја и Наполи – Аталанта.

]]>

Најчитани вести