Лазаров: Да бевме поприсебни ќе победевме

Селекторот на Македнија Ивица Обрван по ремито со Чешка изјави дека тоа е реален резултат според случувањата на теренот, иако и двете репрезентации имаа свои моменти.

– Можевме и ние да победиме, но истото се однесува и на Чесите. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, по нивниот пораз од Австрија. Среќни сме што не примивме гол од 9 метри во последниот напад. Ме радува што одигравме според договорот и направивме фаул. Ние не сме репрезентација која на +5 ќе го „прекрши“ натпреварот. Им честитам на играчите и сега треба да се подготвиме за Австрија и со победа над нив да пренесеме два бода во следната фаза, истакна Обрван.

Капитенот Кире Лазаров кој беше и најдобар поединец на натпреварот со 12 голови ја пренесува атмосферата од нашиот табор.

– Честитки до колегите. Освоивме еден бод што многу ни значи. Чешка е квалитетен состав што газеше во подготовките. Одигравме натпревар од 60 минути, но како да беа 120. Да бевме поприсебни ќе победевме. Ако ги исправиме грешките ќе биде подобро, сега играме поразновидно. Воедно благодарност до цела Македонија која ни дава поддршка, изјави македонскиот капитен.

Македонија вчеравечер на Европското првенство во Данска одигра 24:24 со Чешка, а по победата на домаќинот над Австрија, „црвено-жолтите“ се пред пласман во вториот круг.

]]>

Најчитани вести