Леброн Џејмс спортист на Америка за 2013 година

Кошаркарот на Мајами Леброн Џејмс е избран за спортист на САД за 2013 година во изборот на агенцијата „Асошиетед Прес“.
-Се надевам дека со моето залагање и труд им давам добар пример на младите. Би сакал да сум нивен супер-јунак. Тоа е нешто посебно. Искрено верувам дека сум роден да бидам таков, изјави Леброн.
Џејмс по Лери Бирд и Мајкл Џордан е само третиот кошаркар кој е избран за најдобар американски спортист во изборот кој се одржува уште од далечната 1931 година. Членот на шампионот Мајами освои 31 бод од вкупно 96 и победи пред Пејтон Менинг (американски фудбал) кој собра 20 поени и Џим Џонсон (автомобилист) со 8 поени.

Најчитани вести