Лекарите воздржани околу прогнозата за Шумахер

Според болницата од Гренобл, каде се лекува Михаил Шумахер, поранешен пилот на Формула 1, здрастеваната состојба се уште му е критична и „се уште е рано да се даваат прогнози“, пренесува дописникот на МИА од Париз. Поранешниот автомобилски шапион беше опериран веднаш по приемот во болницата. Во состојба на хипотермија, тој беше ставен во вештачка кома.

„Не можеме да се изјаснеме засега за иднината на Михаил Шумахер“, оценија лекарите.

Најчитани вести