Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на чекор до влез во главната ждрепка на Австралија опен.
Во вториот меч од квалификациите во Мелбурн, Ѓорческа ја победи Далма Галфи од Унгарија, која што е 160. тенисерка на светот, за еден час игра со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).
Во третото и последно коло од квалификациите, противник на Ѓорческа ќе и биде поуспешната од швајцарскиот дуел Вогел – Садиковиќ.


