Лиса Шаќири: Дода јавно да се извини, ние одамна одлучивме каква држава сакаме

Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија, реагира Лиса Баута Шаќири на Фејсбук откако албанската пратеничка Месила Дода пред неколку дена во Дебар кажа дека „Македонија не постои, дека е стара албанска покраина и се вика Илирида“.

„Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза. Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“, вели Лиса, правник и сопруга на пејачот Бени Шаќири.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести