Среќата со пари не се купува, а кој пари сакал аир не видел пее Цане Анреевски во една своја песна. Токму тоа се докажува и преку овие примери на „новопечени милионери“ кои покрај огромното богатство освоено на лотарии, добиле и многу проблеми.
1) 2,76 милиони. Расправија. Развод. Пожар. Банкрот
Пред да освојат 2,76 милиони долари на лотарија, Лара и Робин Грифит речиси никогаш не се карале. Од добиените пари купиле луксузна куќа и порше. Но, по шест години Робин си заминал со поршето, бидејќи Лара го обвинила дека е заљубен во друга жена. Се развеле по 14 години брак, а нивната луксузна куќа до темел изгорела во пожар. Секој долар што го освоиле го потрошиле.
2) 16,2 милиони. Лакома девојка. Алчен брат. Платен убиец. Банкрот.
Вилијам Пост освоил 16,2 милиони долари на лотарија во Пенсилванија во 1988 година, а за една година должел еден милион. – Би сакал тоа никогаш да не се случеше. Сето тоа беше вистински кошмар – рече Пост. Поранешната девојка го тужела за да добие дел од наградата, а неговиот брат бил уапсен откако се обидел да плати човек да го убие за да го наследи богатството. Со лоши инвестиции Пост успеал да ги изгуби сите пари кои ги освоил и дури да падне во долгови. Некое време го поминал во затвор бидејќи пукал на човек на кој должел пари. Сега живее повлечен живот, со 450 долари месечни приходи.
3) Лото тикет. Пет милиони долари. Каде е тикетот. Не знам.
Мартин (33) и неговата жена Кејт (24) освоиле 5 милиони долари кои никогаш не ги подигнале, бидејќи го изгубиле добитното ливче! Тоа е најголема сума која добитник не ја подигнал уште од 1994 година. – Кога мислиш дека ќе ги добиеш сите тие пари, чувството многу ослободува. А кога ќе ти се одземат, има спротивен ефект. Тоа го цица животот од тебе и огромен проблем е во бракот. Тоа беше најстрашна тортура која можете да ја замислите – рече Кејт Тот за Дејли меил.
4) 10 милиони. Луксуз. Забави. Позајмици. Банкрот.
Шерон Тирабаси, самохрана мајка на социјална помош, во 2004 година освоила на лотарија 10.569.000 долари. Сите пари успеала да ги потроши на големи куќи, луксузно возило, брендирана облека, забави, патувања, позајмици и за помалку од една деценија успеала да се врати на стариот живот: да оди на работа со автобус и да живее во изнајмена куќа. За среќа, дел од парите зачувала за својот син, кој ќе може да ги подигне кога ќе наполни 26 години.
5) 5,4 милиони. Атлантик Сити. Коцкарници. Банкрот. Приколка.
Евелин Адамс два пати освоила лотарија, вкупно 5,4 милиони долари. Сите пари успеала да ги прокоцка во Атлантик Сити и сега живее во приколка.
6) 10 милиони. Забави. Алкохол. Банкрот. Самоубиство.
Џералд Мусвагон освоил 10 милиони долари, но сите пари ги потрошил на забави и алкохол за седум години. Во 2005 година бил најден мртов, се обесил во гаражата на своите родители.
7) 5 милиони. Тајна. Разгневен сопруг. Убиство.
Иби Ронкали од Онтарио освоила 5 милиони долари на лото во 1991 година, но на сопругот не кажала како ќе ги потроши парите. Кога нејзиниот маж дознал дека таа дала 2 милиона тајно на дете кое го имала со друг човек, тој ја отрул со лекови против болки. Обвинет е и осуден за убиство.
8) 15 милиони. Кокаин. Проститутки. Забави. Банкрот.
Ѓубретарот Мишел Карол во 2002 година освоил 9,7 милиони фунти, што е околу 15 милиони долари. За само пет години сите пари ги потрошил на кокаин, проститутки и брзо возило.
9) 31 милион. Ранч. Ново возило. Развод. Самоубиство.
Малерозниот свештеник Били Боб Харел Јуниор од Пантекоста на лотарија освоил 31 милион долари. Купил ранч, шест куќи и ново возило. Но, како и многу други добитници на лотарија не умеел да запре. На крај жената го напуштила, а тој се самоубил.
10) 3 милиони. Развод. Обид за убиство. Кокаин. Банкрот.
Вили Харт во 1989 година освоил 3,1 милион долари во Лотарија на Мичиген. По две години, тој бил разведен човек, го изгубил старателството над децата, бил обвинет за обид за убиство и станал тежок зависник на кокаин. Целото свое богатство го потрошил на дрога.
11) 2 милиона. Летување. Свадба. Куќа. Банкрот.
Лук Питард освоил 1,3 милиони фунти (околу 2 милиона долари) во 2006 година. На крај сите пари ги потрошил на летувања на Канарските острови, свадба и куќа. По една година, правел хамбургери за да преживее.
12) 3 милиони. Забави. Патувања. Подароци. Банкрот.
Кали Роџерс имала 16 години кога во 2003 година освоила 1,9 милиони фунти на лотарија, што е околу 3 милиони долари. Родила две деца и ги потрошила сите пари на забави, патувања и подароци за пријателите. Сега работи како собарка.
]]>


