Лукаревска во посета на „Бучен Козјак“ од Куманово: 40 години успешната работа е доказ дека квалитетот и посветеноста во работата секогаш успеваат

40 години успешната работа на “Бучен Козјак” од Куманово е доказ дека квалитетот и посветеноста во работата секогаш успеваат.

Оваа компанија со својот асортиман на сирења, кисело млеко, ајран, јогурт и пробиотски јогурт високо котира меѓу потрошувачите.Суровината ја набавуваат од домашни млекопроизводители, со кои како што ни кажаа денес Наташа, Снежана и Слободан имаат воспоставена партнерска и долгорочна соработка.Секоја година реализираат инвестиции во опрема, машини и иновации. На почетокот произведувале во скромни услови во семејната куќа на родителите, од 20-50 кг дневно ,за да денес прераснат во реномирана компанија.Направивме убава прошетка низ нивните погони, каде имавме прилика од вработените да го слушнеме и видиме целиот процес до конечен производ.И во следните 40 години успешно да ја негуваат семејната традиција , а квалитетот и понатаму да им остане заштитен знак.

Фејсбук статус на Сања Лукаревска – Директорка на УЈП.

Извор: Agrotim.mk

Најчитани вести