Специјализираниот портал „Handball-Planet“ го најави Европското првенство со потенцијалните 10 најголеми звезди, кои треба да го одбележат овој голем собир. И покрај многубројните откази и повреди, сепак ова ќе биде првенство на големи асови, а меѓу десетте звезди, место има и за еден Македонец, секако тоа е капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров.
Изборот на „Handball-Planet“ на 10.те ѕвезди што ќе настапат на претстојниот евро-шампионат:
Микел Хансен (Данска), Домагој Дувњак (Хрватска), Никола Карабатиќ (Франција), Јулен Агинагалде (Шпанија), Филип Јиха (Чешка), Марко Вујин (Србија), Кирил Лазаров (Македонија), Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд), Матијас Андерсон (Шведска), Сергеј Рутенка (Белорусија).
]]>


