Македонската фудбалска репрезентација вечерва пред 28.000 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одигра нерешено 1-1 (0-0) против големиот фаворит, Италија, во рамки на групата Ц од квалификациите за пласман на ЕУРО2024.
Дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ понуди солидна игра на нашиот национален состав против европскиот првак. Првото полувреме заврши без голови, додека во втортото и двата тима пистигнаа по еден гол.

Откако Италија поведе со 1:0 во второто полувреме, решавачкиот гол за нашата репрезентација го даде Енис Барди од слободен удар.


