Македонија падна за шест места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Шест места падна Македонија на Индексот за слобода на медиумите на меѓународната организација „Репортери без граници“. За разлика од минатата година, кога се најде на 36. место, годинава земјава е рангирана на 42.

Во општата оценка за Македонија, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници, се вели дека иако новинарите во земјава не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите. Ваквата состојба, се наведува, ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Од организацијата оценуваат и дека владините претставници покажуваат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите. Според извештајот земјава сега има пад во три од пет индикатори. 

– Најголемиот, од 9,07 поени е во политичкиот показател, за 4,19 поени падот во Социјалниот показател, а во Економскиот од 3, 66 поени. Пораст, земјава има во однос на правната рамка и овде сме подобри за 0,25 поени и во индикаторот безбедност за 0,01 поен. – „Репортери без граници“/.

Телевизијата според извештајот е доминантен извор на информации, но важна улолога играат онлајн-медиумите.

– Мора да се направи разлика помеѓу професионалните онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина и индивидуалните портали кои копираат и ‘лепат’ содржина. – „Репортери без граници“.

Во политичкиот контекст, се наведува дека општата средина останува поволна за слободата на печатот, но се забележува дека владините агенции не се многу транспаретни и оти критичкото новинарство е се повеќе предмет на напади.

– Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок од властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. – „Репортери без граници“.

На извештајот регаираа од здржението на новинари од каде порачуваат дека потребни се итни и суштински реформи за зајакнување на медиумскиот сектор и подобрување на положбата на новинарите.

– Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а злоупотребата на стратешки тужби против јавна партиципација останува механизам за притисок врз критичките медиуми и новинари. Во делот за безбеднос извештајот бележи продолжени случаи на заплашување, притисоци и напади кои го нарушуваат чувството на сигурност кај новинарите, особено кај оние што известуваат за злоупотреба на моќ и корупција. Извештајот укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите, а таквиот однос создава атмосфера на недоверба и недостоинство. – ЗНМ.

Падот на Македонија за шест места  на Индексот за слобода на медиумите на меѓународната органозација  „Репортери без граници“, причина денеска за нови препукувања меѓу власта и опозицијата СДСМ обвинува дека со враќањето на вмро-дпмне на власт заминала слободата на медиумите, од вмр-дпмне пак велат дека падот се должи главно на ширење на лажни вести од главната фабрика СДСМ.

На врвот на листата од 180 земји во светот е Норвешка, а меѓу првите пет се и Естонија, Холандија, Шведска и Финска. 

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести