Македонија против традицијата на средбите со Унгарија

На првиот натпревар од втората фаза на европскиот шампионат во ракомет, денеска од 16 часот Македонија за противник ја има Унгарија, но и традицијата која е на страната на противникот. „Црвено-жолтите“ на 12.те натпревари со Унгарците десет пати загубиле, а само двапати се радувале, последен пат пред во 2003 година. Унгарската репрезентација во втората фаза од континенталниот шампионат влезе како третопласирана во групата Б без победа. Прво убедливо загуби од Шпанија (27:34), а потоа одиграа две нерешени средби, против Исланд (27:27) и против Норвешка (26:26). Нашата репрезентација ќе биде засилена откако им се приклучува Немања Прибак. Во новоформираната група 1, Македонија пренесе 2 бода, Унгарија 1. Двојки за другите две денешни средби од оваа група: Австрија – Исланд (18:15 часот) и Данска – Шпанија (20:30 часот). Табела: Шпанија 4 бодови, Данска 4, Македонија 2, Исланд 1, Унгарија 1, Австрија 0.

]]>

Најчитани вести