Македонија во групата носители во баражите за СП 2015

Со пласманот во втората фаза од натпреварите на Европското првенство во Данска, македонската репрезентација покрај тоа што ги продолжи натпреварите, се избори за статус носител на жрепката за баражите за Светското првенство во Катар.

Познати се репрезентациите кои се во вториот шешир: Норвешка, Чешка, Црна Гора (трите најслаби од ова првенство), Германија и победниците на групите од квалификациите: Литванија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и Словенија. Србија како 13-то пласирана од овој шампионат и селекција која од четврто пласираните во групите ќе биде во првата група со селекциите кои играат во главната фаза.

Извлекувањето на двојките за баражот традиционално се одржува последниот ден на ЕП. Директен пласман на Мундијалот имаат обезбедено Катар (домаќин) и Шпанија (светски првак) и трите најдобропласирани од ЕП во Данска.

]]>

Најчитани вести