На 45-тата Шаховска олимпијада, македонскиот репрезентативец ИМ (Интернационален мајстор) Тони Лазов (2360 рејтинг) освои сребрен медал на втора табла со рејтинг перформанс од 2763 рејтинг, само 20 помалку од златниот медал што му припадна на чешкиот ВМ Таи Даи Ван Уин (2647 рејтинг).

После осум одиграни партии (7 победи, 1 реми), нашиот репрезентативец се стекна со нови 32,7 рејтинг поени.
ИМ Тони Лазов е член на ШК Алкалоид, повеќекратен државен претставник на европски и светски првенства, како и актуелен државен шампион за 2024та година. На 45-тата Шаховската олимпијада која се одржува во Будимпешта, на Лазов малку му недостасуваше да се стекне со втора велемајсторска норма поради недоволен просечен рејтинг на неговите противници (минимум 2380).
Најдобрите партии на ИМ Тони Лазов на Шаховската Олимпијада:
1) ИМ Тони Лазов (2360) 1/2 – 1/2 ВМ Јорден Ван Фореест (2696)
2) ИМ Тони Лазов (2360) 1 – 0 ВМ Јаник Пелетие (2526)
3) ИМ Тони Лазов (2360) 1 – 0 ВМ Кацпер Пиорун (2599).

Давид Николовски


