Манчестер Јунајтед пред елиминација и во Лига купот

Екипата на Манчестер Јунајтед по елиминацијата во ФА купот во неделата, синоќа доживеа уште еден непријатен пораз. На првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот на гостувањето кај Сандерленд загуби со 2:1.

Домашната екипа поведе со автоголот на Рајан Гигс во 45.минута, а Немања Видиќ изедначи во 52.минута. Победничкиот гол за Сандерленд од пенал во 64.минута го постигна Фабио Борини.

Реванш полуфиналето се игра на 22 јануари на „Олд Трафорд“.

Вечерва се игра второто полуфинале во ова натпреварување, а играат Манчестер Сити – Вест Хем.

]]>

Најчитани вести