Манчестер Сити го завери пласманот во финалето на Лига купот

Со две победи над Вест Хем, екипата на Манчестер Сити го потврди пласманот во финалето на англискиот Лига куп.

По 6:0 на првиот натпревар, Сити синоќа славеше победа и на гостувањето во Лондон. Алваро Негредо двапати и Серхио Агуеро еднаш погодија за убедливи 3:0.

Во борбата за трофејот Манчестер Сити ќе се сретне со победникот од двомечот Сандерленд – Манчестер Јунајтед. На првиот дуел Сандерленд на свој терен победи со 2:1.

Реваншот се игра вечерва на „Олд Трафорд“ со почеток од 20 часот и 45 минути.

]]>

Најчитани вести