По комплетирањето на 23.коло Премиер лигата има нов лидер, а тоа е Манчестер Сити. „Граѓаните“ синоќа на гостувањето во Лондон кај Тотенхем славеа убедлива победа со 5:1 и по нерешениот исход на досегашниот лидер Арсенал ја преземаа првата позиција.
Головите за Сити ги постигнаа Кун Агуеро, Јаја Туре, Един Џеко, Стеван Јоветиќ и Винсент Компани. За Тотенхем погоди Етиен Капуе.
Ефикасен натпревар со седум голови во оваа рунда одиграа Астон Вила и ВБА. Дербито на Бирмингем му припадна на Астон Вила која победи со 4:3.
Резултати на другите два синоќешни натпревари: Челзи – Вест Хем 0:0, Сандерленд – Стоук со 1:0.
Во вторникот: Ливерпул – Евертон 4:0, Манчестер Јунајтед – Кардиф 2:0, Норвич – Њукасл 0:0, Саутемптон – Арсенал 2:2, Свонси – Фулам 2:0 и Кристал Палас – Хал 1:0.
Табела: Манчестер Сити 53 бодови, Арсенал 52, Челзи 50, Ливерпул 46, Тотенхем 43, Евертон 42.
]]>


