Екипата на Манчестер Сити вечерва и формално треба да го потврди својот пласман во финалето на фудбалскиот Лига куп на Англија.
Популарните „Граѓани’’ вечерва (20.45 часот) гостуваат во Лондон кај тимот на Вест Хем во реванш дуелот од полу-финалето на ова натпреварување.
Имајќи ја во предвид убедливата победа од 6:0 во првиот натпревар, составот на Манчестер Сити формално вечерва треба да го потврди својот пласман во финалето.
А, таму за противник ќе го има подобриот дим од дуелот меѓу градскиот ривал Манчестер Јунајтед и екипата на Сандерленд, кои утревечер ќе го одиграат својот реванш дуел, во кој актуелниот шампион Манчестер Јунајтед ќе стартува со предност од 2:1, остварена на првата средба.
]]>


