Фудбалерите на Манчестер Сити ја продолжија серијата успешни настапи на домашен терен (14 победи на 15 натпревари оваа сезона). Во рамките на првиот полуфинален натпревар од Лига Купот „граѓаните“ синоќа го победија Вест Хем со убедливи 6:0 и најверојатно обезбедија пласман во финалето на ова натпреварување.
Хет трик на дуелот постигна Алваро Негредо (12, 26 и 49.минута), стрелец на два гола беше Един Џеко (60 и 89) и еден постигна Јаја Туре (40). Реванш натпреварот се игра на 22 јануари во Лондон.
На вториот натпревар од полуфиналето одигран во вторникот Сандерленд го победи Манчестер Јунајтед 2:1.
]]>


