Мартич нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Словенецот Зоран Мартич го наследува Влада Вукоичиќ на тренерското место во македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

– Поранешниот тренер на Будуќност, Крка, Пивоарна Лашко, Геоплин Слован, Апоел, Кимик, доаѓа на местото на Влада Вукоичиќ кој што го напушти МЗТ во текот на вчерашниот ден, стои во информацијата на Фејсбук профилот на клубот од Аеродром.

Мартиќ на македонската кошаркарска јавност и е познат по тоа што на Европското младинско првенство У-20 што се одржа во Охрид во 2000 година, стана европски шампион со репрезентацијата на Словенија.

Се очекува наскоро официјална промоција на Мартич, а од клубот најавени се и играчки промени.

Најчитани вести