Шестчлениот македонски воено хируршки тим, кој во Норвешка се подготвува за мисија во Авганистан, во Кабул ќе замине вакциниран против ковид-19. Тимот, составен од тројца доктори и три медицински сестри, на 17 февруари ја доби првата доза од вакцината на Астра Зенека, како и нивните норвешки колеги со кои заедно ќе учествуваат во мисијата, а втората ќе ја добие пред да замине за Авганистан, информираа од Генералштабот. Во ноември лани, тринаесет македонски војници во Авганистан беа инфицирани со ковид.
Воениот хируршки тим на АРМ од средината на јануари е на подготовки и тренинг во Норвешка, а од средината на март до септември македонскиот и норвешкиот медицински персонал ќе ја опслужуваат норвешката воена болница во Кабул во рамки на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“.
Повеќе на линкот: Цивил
]]>


