Смислата на Договорот од Пржино, кој беше потпишан во јули, е обезбедувањето фер услови за учество на изборите.
Груевски знае дека во такви услови може да ги изгуби изборите.
Затоа во овој момент: Блокирана е работата на Специјалното јавно обвинителство.
Блокирани се разговорите што треба да и овозможат фер третман на опозицијата во медиумите.
Блокирани се одлуките на дополнителните заменици министри од опозицијата.
Блокирана е и работата на парламентарната комисија која треба да ја утврдува политичката одговорност која произлегува од содржиината на прислушуваните разговори, со тоа што со деловникот е утврдено, ако за нејзин заклучок не се обезбеди мнозинство во услови кога во неа членуваат осум претставници на опозицијата и осум од власта, ќе се смета дека тој не е донесен.
Партијата на Груевски со сите можни инструменти и сплетки го одложува до недоглед создавањето на амбиент за фер избори .
Фиксен е само датумот за изборите. Толку е се провидно и расипано.
А вечерва на МТВ главните уредници на Сител, Канал5, Алфа и МТВ ја бранат Македонија од „информативен мрак„ и од „тоталитаризмот на опозицијата„ без ниту еден поканет член од опозицијата во една таква дебата. Срамно и жално.Тие ќе го реформираат јавниот радиодифузен сервис според европските вредности и ќе практикувале професионални новинарски стандарди. Клучниот доказ им е дека биле многу гледани. Па гледани се и порнографските сајтови повеќе од нивните телевизии но тое не е доказ дека народот само тоа го сака и само тоа треба да му се емитува. Нивната тоталитарна пропаганда, која ја држи Македонија на дното од слободата на медиумите во светот, е всушност политичка порнографија која тие се уште добро ја продаваат и наплатуваат. И уште имаат уста да кажуваат дека се навредени од некакви квалификации за нив.Кое лицемерство. И бесрамност.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов


