Проблематичната детска филмска ѕвезда Меколи Калкин, кој изминатите години беше една од главните теми на таблоидите поради проблемите со зависноста, започна нова кариера.
Откако пред неколку месеци покажа дека сепак не е на работ на смртта, како што објавуваа повеќе медиуми, со претставувањето на изложбата „Leisure Inferno“, сега одлучи да заплива во музичките води.
Станува збор за бендот Велвет Андерграунд, кој пее само за пица и е познат како Пица Андерграунд.
Досега снимиле само еден демо, а на листата на песните се наоѓат „I’m Beginning to Eat the Slice“, „I’m Waiting for Delivery Man“, „Pizza Day“, „All the Pizza Parties“ и други. Демото е снимено во куќата на Калкин во ноември, а глумецот на него свири на перкусии и пее.



